Во големата шутерска пресметка меѓу Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо, синоќа поуспешен беше словенечкиот кошаркар постигнувајќи нов трипл-дабл, 25-ти во неговата НБА кариера и обезбедувајќи победа за Маверикс по продолженијата во дербито на вечерта.

Во неизвесен и драматичен меч двата тима се менуваа во водство, имаа свои минути, а на крајот победникот се реши по продолженија. Далас славеше со 136:132, за 42-ра сезонска победа, втора во последните три меча по продолжението на сезона.

Дончиќ заврши со 36 поени, 14 скокови и 19 асистенции и со тоа стана најмладиот кошаркар во историјата кој успеа да стигне до 25. трипл-дабл во регуларната сезона. Јанис Адетокумбо исто така беше расположен и средбата ја финишираше со 32 поени и 13 скокови, но тоа не беше доволно за победа на Бакс.

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Јута Џез во „луд“ натпревар со комплетен пресврт и одлична игра на Никола Јокиќ. Денвер надокнади негатива од 18 поени, потоа го „прокоцка“ добиениот меч, а потоа по две продолженија повторно се избори за победа со резултат 134:132.

Центарот на српската репрезентација го заврши мечот со 30 поени, 11 скокови и 7 асистенции.

Индијана славеше над ЛА Лејкерс со 116:111, а победа обезбедија и кошаркарите на Феникс кој го победија Мајами со 119:112.