Младата словенечка НБА ѕвезда, Лука Дончиќ е кандидат за уште една лична награда во НБА.

Наградата која се доделува за играчот кој остварил најголем напредок во тековната сезона ги доби имињата на тројцата кандидати. Тоа се Лука Дончиќ од Далас Маверикс, Брендон Инграм од Њу Орлеанс Пеликанс и Бем Адебајо од Мајами Хит.

Брендон Инграм дефинитивно заслужи да биде во оваа приказна откако сериозно напредуваше во настапите за Лејкерс, а Бем Адебајо полека стана НБА sвезда во Мајами.

Што се однесува до Лука Дончиќ, тој беше фантастичен и минатата сезона и вакви работи навистина можат да ја зголемат неговата самодоверба.

Објавен е и список на тројцата кандидати за наградата за најдобар дебитант а тоа се: Џо Морент од Мемфис, Кендрик Нан од Мајами и Зајон Вилијамсон од Њу Орлеанс.

Во трка за МВП наградата влегуваат Јанис Адетокумбо, Леброн Џејмс и Џејмс Харден, а Гркот е номиниран и за наградата за најдобар дефанзивец заедно со Руди Гобер и Ентони Дејвис. За наградата „најдобар шести играч“ конкурираат Монтрез Харел, Денис Шредер и Лу Вилијамс.