Денеска во Нион со ждрепка беа одредени комплетните двојки за 2. елиминациско коло од Лигата на шампионите. Покрај нашиот преставник Силекс кој за противник го доби тимот на Карабах од Азербејџан каде треба да го одигра и дуелот на 18 или 19 август, уште неколку тима од соседството ги добија ривалите во оваа фаза.

Белградска Црвена Звезда за противник го доби тимот на Европа од Гибралтар, бугарски Лудогорец ќе игра со Будуќност од Подгорица, додека албанска Тирана ќе гостува кај Динамо Тбилиси во Грузија.