Шкендија својот атак кон новата титула ќе го почне на Чаир, и тоа попладнево од 17:30 часот и тоа против Шкупи. Тетовци, барем според насмевките на Дориев и Зејнулаи од последниот тренинг, како да немаат проблеми, како да се уверени дека ќе одиграат добро и дека ќе дојдат до трите бода. Нема посебни информации за тој кој е повреден или болен, но јасно е дека без разлика кој и да игра тренерот Ернест Ѓока има добар тим и “долга клупа“ за да може да ги одбере стартните единаесет на Шкендија.

Инаку овие две екипи досега одиграле, барем во последните 15 години, 20 официјални мечеви. Шкендија е подобра, има 13 победи, Шкупи само три а четири меча завршиле реми, гол разликата е 11:43 во корист на тетовци. Сепак ако ги сметаме двата последни меча на Чаир, домашниот Шкупи и во двата успеа да слави. Значи не очекува неизвесно дерби.