По неколку часа на позицијата нов тренер на Јувентус, Андреа Пирло веднаш најавил кој веќе не му треба од актуелниот состав на италијанскиот шампион. Како што објави италијанскиот новинар Николо Скира, на вчерашната средба со сопствениците на Јувентус по кој падна договор Пирло да седне на местото на Сари, легендата на клубот најавила дека тројца фудбалери уште од сега може да се пакуваат.

Пирло нема намера да ги задржи за следната сезона напаѓачот Гонзало Игуаин, како и од играчите за врска Сами Кедира и Даглас Коста. За возврат, побарал да добие нов централен напаѓач и играч од средниот ред. Покрај нив уште 7 други имиња се исто така пред заминување. Пирло потенцирал дека на продажба слободно можат да се стават и Блез Матуиди, Арон Ремзи, Федерико Бернардески, Матиа Де Шиљо, Даниеле Ругани, Алекс Сандро и Данило.

Пирло беше назначен за тренер на Јувентус синоќа, откако неколку часа претходно отказ доби досегашниот прв кормилар на тимот, Маурицио Сари.