Силекс во првото коло во квалификациите во ЛШ за ривал го доби тимот на Карабах. Се игра една средба, а кратовци, ако биде се по планот, треба патуваат во Азербејџан. Првата реакција од Кратово ја дава директорот на клубот Драган Иванов.

Па, кој и да се паднеше ќе беше фаворит против нас, тоа е факт. Ние ќе се обидеме да го изненадиме Карабах, се игра на негов терен, но никој не може да ни ја зеде надежта дека би можеле нешто да сториме. Ќе го дадеме својот максимум, ќе одиграме машки и достојно ќе ја претставуваме Македонија во ова натпреварување, ќе се обидеме да изненадиме. Денеска во преден план ни е мечот со Беласица, потоа ќе мислиме на Карабах“ изјави Иванов.