Екс-тренерот на Вардар, а сега актуелен предводник на ПСЖ, Раул Гонзалез, е еден од острите критичари на правилото „7 на 6“ во ракометот. Во интервју, на прашањето што мисли за овој начин на игра, Шпанецот вели:

„Не ми се допаѓа ракомет со седми играч на теренот. Мислам дека тоа го смени стилот на играта. Кога екипите го играат овој систем за кратко време, тој може да биде привлечен и за мене и за публиката. Но, ако играме како што тоа го правиме сега, мислам дека на долг рок тоа ќе го направи ракометот неинтересен. Концептот за ракометот е целосно изменет. Нема повеќе движење, нема акција еден-на-еден, вие само ги гледате додавањата, а голманот шутира кон голот или го напушта голот. Ова е сосема друга игра“, смета Гонзалез.

Тренерот на ПСЖ е категоричен: „Мислам дека голманот треба да остане на голот“.