На денешната ждрепка во Нион, македонскиот преставник во Лигата на шампионите, екипата на Силекс, за противник во 2. елиминациско коло од најквалитетното европско натпреварување ја доби екипата наКарабах од Азербејџан.

Според планот, треба да се одигра еден меч на 18 или 19 август.

Инаку, кратовци беа во групата „4“ на неносители, а како опции за противник во оваа фаза ги имаа екипите на Динамо Тбилиси, Макаби ТА, Астана и Карабах.