Жикица Тасевски беше промовиран како тренер на Македонија ЃП на 13 март, требаше за два дена да гостува на Арената и да ги води „лавовите“ против Работнички, но првенството се прекина поради Ковид-19. Што ти е судбина, требаше да дебитира против клубот од каде во два наврати добиваше откази.

И пак таа судбина. Тасевски попладнево во Ѓорче во првиот меч од сезоната, сепак ќе го има своето деби на клупата на Македонија ЃП, и тоа против Работнички. Кога говориме за деби секако дека мислиме на официјални мечеви. Значи пет месеци е тренер на Македонија ЃП а дури денеска ќе го води овој тим.

Јасно е дека не очекува жестока градска пресметка. Во Ѓорче секогаш тешко се освојуваат бодови, но тимот на Ратко Достаниќ има доволно квалитет за да дојде до трите бода. Во секој случај интересен и неизвесен дуел ќе биде тоа.

Мечот Македонија ЃП – Работнички започнува во 17:30 часот, се игра во Ѓорче без публика.