Карабах, тоа е ривалот на Силекс на стартот во квалификациите во ЛШ. Овој тим е најдоброто нешто во Азербејџан. Седумкратен шампион на својата земја, тренер е Гурбан Гурбанов, кој веќе долго време е на клупата на Карабах. Има одиграно 118 европски натпревари, игра редовно и во групната фаза во Лигата на Европа, а во сезоната 2017/2018 настапи и во групната фаза во ЛШ, каде ги одмери силите со Рома, Челзи и Атлетико Мадрид. Неспорно, има многу поголемо искуство од кратовци.

Во тие 118 мечеви, Карабах победил на 41, има 43 порази а 31 меч завршил без победник.

Интересно, Карабах по третпат ќе игра со македонска екипа, и нема пораз, и во двата наврати лесно минуваше, и двапати со Металург. Во сезоната 2010/2011 во 1.квалификациско коло во ЛЕ тимот од Азербејџан победи дома со 4:1 а во Скопје беше 1:1, додека во сезоната 2013/2014 исто во 1.квалификациско коло во ЛЕ, победи во двата меча, и тоа со по 1:0.

Дали Силекс ќе успее да го одмазди Металург, дали некој наш клуб ќе ја има таа “трета среќа? Останува да се види на 18/19 август.

Во случај на елиминиција, Силекс продолжува во Европа, но сега во 2.коло во квалификациите во Лигата на Европа.