Давид Силва официјално да стане играч на Лацио во понеделник. Не е тајна дека Шпанецот преговара со „орлите“ и се чини дека двете страни наскоро ќе постигнат договор за трансферот. Неколку медиуми меѓу кои и „Кориере дело Спорт“, „Скај Италија“ и „Спорт Италија“, велат дека договорот ќе биде официјално објавен во понеделник.

34-годишниот Силва сакаше да биде апсолутно сигурен дека Лацио следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а тоа стана факт откако Рома испадна од Лигата на Европа. Римјаните му понудиле на Силва 3-годишен договор кој вклучува импресивна плата и дополнителни бонуси, како што е приватен авион за да патува во Шпанија со семејството, како и личен возач да го вози низ Рим.