Легендата на германскиот фудбал, Руди Фелер, му порача на Челзи да извади на маса 90 милиони фунти ако сака да го добие Каи Хаверц.

Баер Леверкузен предупреди дека тие не се расположени за преговори, доколку некој не е подготвен да ја плати бараната сума.

Франк Лампард го стави младиот голгетер на „фармацевтите“ на листата на посакувани за новата сезона, но очигледно ќе мора да се потпрат на Вернер и Зијех, чии потписи веќе ги обезбедија.