Новата сезона во Првата лига и официјално почна вчера, но во нови услови, креирани од пандемијата коронавирус. Трибините на стадионите ќе бидат празни, иако е само старт на фудбалските возбудувања, сепак фановите сакаат своите миленици да ги бодрат на лице место.

Денеска пред дуелот меѓу Пелистер и Академија Пандев на својата официјална страница се огласија „Чкембари“, јавно побараа да се вратат на трибините.