Вилијан е се поблиску до преселба во Арсенал. Бразилецот, кој го напушти Челзи е слободен агент, а денеска беше подложен на лекарски прегледи во Лондон. По нивното завршување, се очекува тој да потпише 3-годишен договор со „топчиите“.

Напаѓачот го напушти „Стемфорд Бриџ“ по седум години во клубот.