Искусниот Марко Јовановски кој минатата сезона го бранеше голот на Македонија ЃП е ново засилување за екипата на Гостивар.

Второлигашот кој подготвува силен тим за новата сезона, реши да го донесе искусниот голман кој претходно беше и на голот на Шкендија, а беше и младински репрезентативец на Македонија.

Јовановски е четвртото ново име во Гостивар, откако претходно беа обезбедени и Кристијан Кировски, Трајче Стојковски и Иван Настевски.