Екипата на Алашкерт е противникот на Ренова во втората елиминациска рунда од Лигата на Европа. Тетовци на 27 август во Ерменија ќе му бидат гости на составот во чии редови настапува и нашиот интернационалец, Ристо Митревски.

Во изјава за СПОРТМЕДИА, Митревски вели дека Ренова бил еден од посакуваните ривали за Алашкерт.

„Мислам дека сме поквалитетна екипа. Ни се падна тимот кој го очекувавме од трите потенцијални. Нема да ги потцениме, сигурно, но очекуваме победа и ќе направиме се за да ги победиме. Ќе има анализа овие денови, но искрено мислам дека имаме подобар тим и дека сме фаворити. Играме на домашен терен, имавме супре подготовки, имаме две кола пред тој натпревар, ќе бидеме физички подготвени. Се е можно кога е еден меч, црвен картон или пенал може да реши. Реално, мислам дека сме далеку поквалитетен противник и дека не би требало да имаме проблеми“, вели стоперот на Ерменците, Митревски.