Синиша Михајловиќ и неговата Болоња се причина за стопирање на трансферот на австријскиот фудбалер со српско потекло, Александар Драговиќ во редовите на Црвена Звезда.

Според „Газета дело Спорт“, овој играч е во преговори со Болоња. Италијанскиот тим долго време е во „лов“ на 29-годишниот дефанзивец кој е член на Леверкузен и чиј договор истекува следната сезона.

Драговиќ претходно најави дека сака да се пресели во „црвено-белите“ редови, за кого и навива, но Болоња е во преден план. Тој во својата кариера има настапувано за Австрија Виена, Базел, Динамо Киев и Лестер, за репрезентацијата на Австрија има одиграно 80 меча.