Футсал шампионот на Македонија, тимот на Шкупи следната сезона ќе биде посилен за голгетерот Елјеса Незири. Тој е повратник во тимот, откако претходно мина неколку сезони во екипата, и настапуваше со успех. Тој е големо засилување, неговите квалитети се добро познати.

Незири измината сезона имаше интернационална авантура во Косово, во тимот на Приштина. Незири инаку е интернационалец од Албанија и е репрезентативец на оваа земја.