Италијанскиот спортски весник, „Газета дело Спорт“ открива дека Реал (М) и Јувентус подготвуваат трампа. Откако Јуве направи замена со Барселона, Пјаниќ за Артур, сега е на пат да се договори за размена на фудбалери и со „кралскиот клуб“.

Според најчитаниот италијански весник, клубовите разговараат за размена на Арон Ремзи и Иско. Велшанецот (29) не се снајде по преселбата во Јувентус како слободен агент од Арсенал. Во новиот клуб, во дебитантската сезона, играчот од средниот ред играше само 15 натпревари.

Иско со години не е прв избор на Зидан и веројатно ова лето ќе сака промена. Прашање е дали двете страни ќе успеат да ги договорат сите детали од евентуалната размена.