Серхио Агуеро е повреден и тоа не е новост. Сепак, новост е дека и покрај повредата тој е дел од екипажот на Манчестер Сити кој замина во Португалија каде што ќе се одржи завршниот турнир од Лигата на Шампионите.

Дали ќе заигра е друго прашање, и на тоа прашање може да дадат одговор само медицинскиот тим на Сити, и самиот Агуеро.

Мечот помеѓу Манчестер Сити и Лион  се игра в сабота во Лисабон.