Добро е познато дека Келце, еден од противниците на Вардар во групната фаза во Лигата на шампионите, поради пандемијата коронавирус остана без главниот спонзор. Наскоро полскиот тим ќе го објави името на новиот поддржувач, со кој би требало да се стабилизира финансиската состојба.

Во меѓувреме фановите, но и клубовите од оваа земја покренаа акција за спас на клубот. А покрај навивачите големи борци се и ракометарите.

Голманот на Келце, Андреас Вулф испрати силна порака, за почит.

„Тешко е кога ќе останете без одредени пари на работа, но сите играчи сакаат да играат за клубот. Поточно, што можеме друго да правиме? Да престанеме да играме? Како што реков, ракометот не е само наша работа, туку повеќе од тоа. Секако, играчите се загрижени за својата ифнина, мора да ја обезбедат својата фамилија и тоа е најважно, но, ние не играме поради пари само. Работиме за нас, за своите другари, за клубот. Парите се важни, но не и најважни во светот. За мене најважно е како клубот ќе се избори со ситуацијата во која се најде. Го сакам и го ценам претседателот Берт, како се бори за клубот. Можеше да се откаже веднаш кога се појави проблемот. Наместо тоа, тој се бори. И додека го прави тоа, и јас ќе го сторам истото. Парите не се дел од мојата работа. Платен сум за играње ракомет и на тоа сум фокусиран“, изјави Вулф.