Не минаа десетина минути откако излезе информацијата дека Вардар го напушта Филип Најдовскии и се сели во Тирана, а веќе од таму доаѓа нова информација дека нов голман на „црвено – црните“ е Александар Игески.

Искусниот голман доаѓа во Скопје откако минатата сезона беше дел од Тиквеш, но си замина од Кавадарци. Претходно беше дел и од екипите на Победа, Металург, Осогово, Гостивар, Хоризонт Турново, Локмотива…

Со ова се тргаат сите шпекулации кои беа лиферувани претходно дека во Вардар доаѓа Андреј Ефремов и претходно Марко Јовановски. Прв голман на Вардар во моментов е Филип Илиќ.