Португалскиот весник „А Бола“ денеска објави дека тренерот на Порто, Серхио Консеисао, е прва опција да го замени Антонио Конте во Интер. По најавата дека спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота, бара наследник на Конте, „А Бола“ пишува дека Португалецот е на врвот на неговиот список за нов тренер.

Консеисао играше за Интер меѓу 2001 и 2003 година. Тој има договор со Порто до 2021 година, па ако Интер навистина сака да го донесе, ќе мора да плати 20 милиони евра обештетување.