Косовскиот шампион Дрита и претставникот на Северна Ирска Линфилд нема да го одиграат својот меч од квалификациите за Лигата на Шампионите затоа што двајца фудбалери на косовскиот состав се заразени со коронавирус.

Мечот требаше да се одигра денеска но дојде до радикална промена на планот. Мечот требаше да се одигра во Нион, Швајцарија.

Она што нас не засега во моментов е фактот што во овој состав имаме неколку наши интернационалци. Тренерот Ардијан Нухиу, како и Изаир Емини односно Ардиан Цуцули. Емини веќе беше позитивен на коронавирус.

За овој меч не постои резервен термин па која од овие две екипи ќе замине во следната фаза ќе одлучи дисциплинската комисија на УЕФА, а многу веројатно е дека Дрита ќе го загуби мечот со 3:0 службен резултат.