Екипата на Тотенхем го претстави своето ново засилување во името на Пјер Емил Хојбјерг.

Досегашниот играч на Саутемптон има историја на играње во Бундес Лигата, а на Островот пристигна во 2016 година.

Со оглед на фактот што следното лето му истекуваше договорот, Саутемптон ја искористи последната шанса да заработи нешто на него, па наплати 15 милиони фунти.