Уште еден фудбалер си заминува од Вардар. Филип Најдовски утре заминува во Тирана и потпишува за Албанскиот тим.

Со ова се решава уште еден статус на играчите на Вардар кои беа дел од изминатата сезона, а кои летово беа што се вели на крстопат дали да останат или да заминат.

Најдовски го одигра првото коло од домашниот шампионат за Вардар, но толку од него во „црвено – црниот“ дрес. Беше еден од најдобрите фудбалери во изминатиот период, не може ама апсолутно ништо да му се замери, го остави срцето на терен за Вардар сиот овој изминат период.

Му се приклучува на Кристијан Тошевски кој пред неколку дена исто така од Вардар замина во тимот на Тирана.