Фудбалерите на Вулверхемптон имаа голема шанса да победат со 1:0 на дуелот со Севиља. Добија пенал во 13. минута, но Хименез не успеа да го совлада Боно. Гостинскиот голман го одбрани ударот на Мексиканецот, но видеоснимките покажуваат дека Боно не беше на гол линијата во моментот на изведување на пеналот.