По Хакем Зиеш, екипата на Челзи е подготвена летово да доведе во своите редови уште еден играч на Ајакс.

Во прашање е бекот, Николас Таљафико кој во моментов има 27. години. Аргентинецот е две години дел од тимот од Амстердам но многумина веќе сметаат дека ја има надраснато таа средина и дека му е потребен друг предизвик.

Тој минатата година одигра 38 мечеви и постигна пет гола во дресот на Ајакс.