Очекувајќи го стартот на новата сезона, одбојкарите на Џио Струмица денеска и официјално ги започнаа подготовките. Откако полека се формираше тимот со кој струмичани ќе настапуваат следната сезона, првата фаза од подготовките опфаќа тренинзи во фитнес центар.

Одбојкарите на Џио Струмица кои и следната сезона ќе бидат меѓу фаворитите за шампионската титула дел од планираните подготовки ќе ги минат и со тренинзи на оворено.