Матеј Андов е нов голман на тимот на Работнички. Досегашниот чувар на мрежата на Вардар и Македонски младински репрезентативец денеска стави параф на тригодишен договор со „Романтичарите“ и одсега ќе настапува за нив.

Не е лесно да се напушти клубот кој те израснал, кој прв ти дал шанса, каде што си се афирмирал, но ете тоа е судбината на многу млади фудбалери кои си одат периодов од Вардар.

„Со тешко срце го напуштив клубот, но ќе ме разберат сите нели зошто сум ја донел таа одлука. Се знае каква е ситуацијата во Вардар во моментов, а јас морам да мислам на мојата иднина. Му благодарам на клубот за се што направи за мене, јас се реванширав најдобро што можам. Му благодарам на Работнички што ми дава шанса во моментов и се надевам дека ќе возвратам со добри настапи. Немам право да настапувам повеќе за младинските категории, ќе се борам што се вели за место кај сениорите. На мене е да работам напорно, а шансата ќе ја дочекам подготвен“ – вели младиот голман кој беше дел од репрезентациите У15, па се до У21 за која доби повик на тренинг кампот пред неколку месеци.