Тимот на Атлетик Билбао се соочува со ужасна ситуација. Шестмина фудбалери се позитивни на коронавирус и нормално веднаш се испратени во самоизолација. Повторно ќе бидат тестирани за ден, два како што е процедурата, но засега се водат како позитивни.

Клубот не јавува дали заразените се фудбалери, стручен штаб или пак вработени во клубот.
Шпанскиот шампионат започнува на 12 септември.