Прилепскиот суперлигаш од денес е засилен со уште еден млад ракометар. Станува збор за 193 сантиметри висок лев бек кој доаѓа од екипата на Вардар Јуниор кој исто така има настапувано и за матичната екипа на Охрид.

Даниел е син на поранешниот македонски репрезентативец и поранешен тренер на Охрид, Горан Андоновски.

Прилеп денеска прв ќе истрча во Струга, ќе ги одмери силите со домаќинот на турнирот, Струга, дуелот е закажан со почеток 17:15 часот.