Екипата на Прилеп е победник на воведниот меч од традиционалниот ракометен турнир во Струга, против истоимениот противник. Ова беше триумфално тренерско деби на некогашниот ракометар, Горан Кузманоски.

Конечниот резултат гласи 28:32, а домаќинот иако мотивиран сепак, немаше сила до крај да му се спротивстави на објективно поквалитетниот противник.

Прилепчани доминираа уште на стартот, поведоа со 6-2, на полувремето имаа позитива од 17-14. На другата страна домаќинот се доближи на 19-21, но не успеа да направи целосен пресврт.

Следуваат вечерва и мечевите Бутел и Охрид, а потоа и дербито Еурофарм Пелистер  Металург.