Пауло Дибала може да го напушти Јувентус. Неговите преговори со раководството на “Старата дама“ за продолжување на соработката не одат добро, проблем се парите.

Договорот на Аргентинецот истекува во 2022 година, клубот е подготвен да му понуди ноа соработка и му нуди осум милиони евра годишно.

Но, Дибала сака повеќе. Тој бара 15 милиони евра по сезона, што пак е проблем.

Аргентинскиот фудбалер во претходните денови се поврзуваше со Реал Мадрид, кој покрај 100 милиони евра, ги нудел Крос и иско.

Останува да видиме што ќе се случи на крајот, но она што е сигурно е дека напаѓачот е далеку од продолжување на соработката.