И дефинитивно мечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Карабах и Силекс, ќе се игра во вторник со почеток во 18 часот, и тоа на стадионот “Тофик Бахрамов“ во Баку. Експедицијата на кратовци во понеделник патува за Азербејџан.

Сепак пред евро настапот, кратовци имаат и домашна задача. А таа се вика Пелистер.

Ма каков Карабах. Сега на сите мислите ни се кон дуелот со Пелистер во петок. Играме во Кратово и секако дека после оние убедливи 6:0 за нас со Беласица во првото коло, ќе одиме на нов триумф. Затоа им забранив на играчите да мислат на Карабах, се до сабота или до завршување на дуелот со битолчани. Пелистер покажа дека е добар тим, на стартот славеше победа против Академија Пандев. Во петок ќе мора да одиграме навистина квалитетно ако сакаме да ги освоиме трите бода, а сакаме. Нема да калкулираме, одиме со сите сили на овој дуел од 2.коло во ПМФЛ“ вели шефот на струката на кратовци Горан Симов.