Во Работнички се чини се уште не можат да го прежалат фактот дека на стартот од новата 2020/2021 сезона со примен гол во 92 минута загубија од Македонија ЃП. Бодот секако дека ќе одговараше за „романтичарите“ по настаните на теренот каде “лавовите“ објективно беа подобри.

Сепак нема време за тагување, веќе во сабота тимот на Ратко Достаниќ ќе има шанса за поправен. На Арената во Скопје гостува Беласица, тим кој во неделата на свој терен беше торпедиран од Силекс дури со 0:6.

За Работнички во Ѓорче не играа Муарем Муарем, Драган Стојков и Стефан Јевтоски, кои во следниот период треба да бидат клучните играчи во средниот ред на тимот. Со нив тројца секако дека Работнички ќе биде сосема нешто друго. Дел од нив веројатно и во сабота ќе бидат во комбинација, но со оглед на тоа дека и на сите тројца им треба уште малку време за подготовка, веројатно нивниот максимум Достаниќ ќе може да го очекува дури по септемвриската пауза.

Дотогаш “романтичарите“ на распоредот ги имаа Беласица како што рековме, потоа гостувањето во Битола кај Пелистер и во рамките на 4.коло соседското дерби со Вардар.

Ете шанса да се соберат што е можно повеќе бодови.