Швајцарскиот интернационалец и репрезентативец Стефан Лихштајнер реши да ја заврши активната фудбалска кариера. На полни 36. години и одиграни преку 100 мечеви за националната селекција дефанзивецот реши дека е доста.

Во текот на неговата богата кариера освои 17 трофеји од кои 14 беа со Јувентус чиј член беше од 2011 до 2018 година.

Настапуваше уште и за екипите на Грасхоперс, Лил, ЛАцио, Арсенал и Аугзбург.