Шок во таборот на Ренова. Имено Албан Таипи (17), големиот талент на Ренова, кој лани со Вардар дебитираше за првиот тим на 16 години, се здоби со тешка повреда, поточно ги скина предните вкрстени лигаменти. Ова е најтешката и најстрашната повреда која може да му се случи на некој фудбалер. Сега следува пауза од најмалку 6-8 месеци, што значи за талентираниот центарфор на “гипсарите“ заврши сезоната.

Повредата се случила на ден мечот со Струга ТЛ, кога на трениг младиот Таипи незгодно паднал. Веднаш му била пружена прва помош, се чекало на специјален лекарски преглед да се види за што станува збор. Денешните вести биле шокирачки со оглед на тоа дека се работело за лигаментите.

Јасно е дека во следните неколку денови Таипи ќе мора да биде подвргнат на операција.

Сега “гипсарите“ ќе мора да бараат некој друг младинец, штета, зошто планот беше во текот на оваа сезона на Таипи да му се даде голема минутажа и да биде стандарден првотимец. Секако, да се користи и како младинец.