Во цврсто прво полувреме со допадлив фудбал, сепак, не успеавме да видиме ниту еден гол во второто четврфинале од Лигата на шампионите. Германски РБ Лајпциг и шпански Атлетико (М) заминаа на пауза со стартните 0:0.

За одбележување беше моментот од 15. минута, кога Саул падна во шеснаесетникот на РБ Лајпциг, но и по ВАР проверката, судијата Марчиниак од Полска не покажа на белата точка.

За одлука ќе мора да ја почекаме разврската во вториот дел од мечот.