Вардар ги одигра првите 30. минути на турнирот во Струга. Актуелниот европски првак по првото полувреме има минимална предност од 13-12. Се чини сите го чекаа денешниот меч, на дело да го видат новиот состав на „црвено-црните“.

На трибините се ракометарите на Е.Пелистер кои „скенираат“ за финале, прогнозите се дека тие заедно со Вардар ќе се борат за трофејот, но никогаш не се знае. По мечот со Прилеп остана и Зоран Кастратовиќ, стратегот на Металург.

На Вардар исто како и останатите тимови му е потребно време за да влезе во ритам, на другата страна Охрид засега добро се справува за европскиот првак.