ПСЖ денеска во Лисабон го повикал својот четврти голман, и тоа поради повредата на Кејлор Навас.

Доволно за аларм во таборот на “светците“, кои веројатно во полуфиналето во ЛШ против Лајпциг ќе мораат без својот прв голман. Навас со Ааталанта го повреди бутниот мускул и мораше предвреме да го напушти теренот.

Како што велат од ПСЖ, во текот на утрешниот ден ќе има уште еден преглед, но ретко кој е оптимист. А тоа значи дека тренерот Томас Тухел против Лајпцг ќе мора без еден од своите клучни играчи. Овој натпревар се игра во вторник.