Алашкерт, ривалот на Ренова во 1.квалификациско коло во Лигата на Европа, меч кој што се игра на 27 август во Ерменија, денеска го одигра својот прв првенствен меч. Одигра без голови и тоа против составот на Арарат. Јасно е дека рано е за заклучоци по само еден одигран натпревар, но сепак се чини дека ерменците и не се така неранливи како што на прв поглед се чини. Да потсетиме дека лани, исто така во првто квалификациско коло во Лигата на Европа, Алашкертсо вкупни 6:1 ја елиминираше Македонија ЃП.