Животот на Михаел Шумахер целосно се промени по несреќата во 2013 година во Франција. Се тешки повреди на главата легендарниот германски возач беше префрлен во болница, долго време беше во кома, а откако се разбуди, за неговата здравствена состојба речиси и нема информации.

За Шумахер се грижи неговата сопруга Корина, ретко кога дозволува пријателите да дојдат на посета, оние кои имаат дозволоа, не смеат да откриваат детали во јавноста.

„Бидете сигурно дека е во најдобри раце. Правиме се за да му помогнеме. Ве молам да сфатите дека желбата на Шумахер е неговата здравствена состојба да остане во тајна“, изјави минатата година семејството на легендарниот возач на Формула 1.

Од 2013 година, кога почна неговата битка со животот, семејството издвои голема сума на пари за лекувањето. Ангажираа приватни лекари и медицински лица, кои се грижат за неговото здравје во нивниот дом. Според одредени информации до сега се потрошени околу 40 милиони евра.

За здравјето на Шумахер се грижат 15 лица, а за нивните услуги добиваат 150.000 евра неделно, што пак значи околу осум милиони евра годишно.

Трошоците се големи, но во текот на својата кариера Михаел стекна големо богатство, во 2020 година неговото богаство е проценето на 600 милиони долари.

По бројните операции, Шумахер во 2018 година направи третман со матични клетки, според информациите тие го подобриле неговото здравје.