Француски Олимпик Лион ќе побара од УЕФА да ги смени судиите за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите кој утре го игра против англиски Манчестер Сити.

Арбитрите од Холандија, предводени од Дани Мекели, се избрани за делители на правдата на натпреварот, но Французите сметаат дека овие судии ќе бидат пристрасни.

Причина е тоа што ако Лион утре испадне во четврфиналето, при освојување на трофејот во ЛШ од Манчестер Сити, францускиот клуб ќе ја изгуби шансата да игра во европските клупски турнири следната сезона, а холандски Ајакс автоматски ќе се квалификува во групната фаза од Лигата на шампионите.