Металург ќе ја бара втората победа на струшкиот турнир која треба да му донесе битка за третото место.

Избраниците на Зоран Кастратовиќ силите ќе ги одмерат со домаќинот, овој дуел е прв на програмата денеска (17:15 часот).

На овој меч Кастратовиќ нема да може да смета на услугите на Мартин Серафимов, кој вчера не настапи против Прилеп.

Серафимов има стомачни проблеми. На овој турнир го нема Кофиловски, кој се здоби со удар на рамото, па ќе одмара нешто повеќе.

Металург ја темпира формата за првиот квалификациски меч во Лигата на Европа против Спачва, кој се игра во Скопје во Автокоманда на 30. овој месец.