Металург ја запиша втората победа на струшкиот турнир, откако одново славеше убедливо, овој пат над домаќинот Струга со 24-35 (12-17). Со овој триумф, избраниците на Зоран Кастратовиќ се пласираа во битката за третото место, чиј противник ќе го дознае најдоцна до утре.

Ракометарите на тимот од Автокоманда имаа полесен тренинг, брзо го наметнаа своето темпо, поведоа со 5-7 и 7-10. На одморот заминаа со позитива од 12-17.

Не се смени ништо и по одморот, Металург доминираше дојде на први двоцифрени 15-25, па со 21-31, пред самиот крај беше 21-33.

Кондев со шест гола беше прв стрелец, зад него беше Хорват со пет погодоци, Шилегов запиша четири гола.

Денеска на струшкиот турнир ќе излезат Е.Пелистер – Прилеп и Вардар – Е.Пелистер2.