Милан уште еднаш навести дека иднината на Златан Ибрахимовиќ е на „Сан Сиро“. Информациите од Италија покажуваат дека шведскиот напаѓач е подготвен да потпише нов договор со клубот, кој ќе му обезбеди 6 милиони евра по сезона, вклучително и бонуси. Преговорите во моментов се во напредна фаза и новиот договор ќе трае две години.

Во пракса, Ибрахимовиќ сега е слободен агент откако му истече договорот по завршувањето на првенството. Шведската sвезда се врати во Милано во јануари и потпиша шестмесечен договор.

Според „Газета дело Спорт“, Златан ќе добие одредена сума за плата, но и широк спектар на бонуси поврзани со неговиот настап на теренот. Новиот договор предвидува дека на Ибрахимовиќ ќе му легнат уште 500.000 евра ако се квалификува со Милан во Лигата на шампионите или ја освои Лигата на Европа. Ќе има бонуси за одреден број на голови и натпревари. На овој начин, напаѓачот ќе добие 6 милиони евра годишно, онолку колку што побара претходно.