Голден Арт КЛ7 заврши со првиот дел од подготовките за новата сезона во која ќе се натпреварува во Супер-лигата. Овој тим кој вложува во младите ракометни сили, предводен од тренерскиот тандем Бошковски и Црвенкоска се сели во Охрид.

За почеток поради пандемијата коронавирус и препораките од Комисијата за заразни болести, тренинзите се одвиваа во неколку групи.

Во агендата на Голден Арт КЛ7 сигурно се и неколку контролни натпревари. Промената на средината сигурно добро ќе им дојде на сите.