Тензично со многу набој на двете страни во првите 45.минути одиграа Силекс и Пелистер во Кратово, во меч од 2.коло во ПМФЛ. Убави голови за 1:1, тоа е најава за драма. Пелистер поведе со мајсторијата на Фазлиу во 6.минута, кога шутираше под нозете на Тимовски и го изненади голманот Божиновски. Мустафов израмни во 44.минута кога по една одбиена топка на околу 12-13 метри шутираше прецизно во мрежата на Талески.

Го очекуваме второто полувреме. Инаку ова е меч на две екипи кои победија на стартот од првенството.