Екипата на Саса од Македонска Каменица продолжува да се комплетира во пресрет на стартот на новата сезона. Имено од пред некој ден „рударите“ се посилни за Аце Трајчевски и Иле Донов. Првиот е шпиц и доаѓа од Кожуф, инаку е дете на Вардар. Додека вториот е играч за врска и дојде од Академија Пандев. Инаку и двајцата играа на последниот пријателски меч на Саса против Росоман, кој “рударите“ го добија со 4:3, а Трајчевски веднаш ги искажа своите квалитети со гол во мрежата на противникот.

Инаку познат е распоредот на цела сезона во Втората лига – исток. Тимот на тренерот Горан Здравков прво игра дома со Брегалница, овој меч се игра на 22 август, додека потоа следуваат средбите со Слога во Виница, па со Победа дома, следува дуелот со Росоман на гости.Тоа се ривалите на “рударите“ во првите четири кола во новата 2020/2021 сезона во Втората лига – исток.